Нина Ангеловска

ГОВОРНИК

Д-р Нина Ангеловска е претпримеач, Жена Амбасадор за е-трговија на УНКТАД, Претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и поранешна Министерка за финансии на Република Северна Македонија. Во 2011 година, Ангеловска ја ко-основаше водечката компанија за е-трговија во Македонија, Grouper.mk која го трансформираше пазарот на е-трговија во земјата. По десет години успешно водење и растење на компанијата во 2021 година, Grouper.mk стана дел од полската групација Asseco SEE.

Пасијата за е-трговија и желбата за придонесување кон промени ја поттикна да ја основа првата Македонска асоцијација за е-трговија во 2017 година. Таа беше дел од управниот одбор на Европската Асоцијација (ЕМОТА) и Стопанската комора на Македонија. Моментално е член на бордот на директори на Македонски Телеком.

Ангеловска работи на бројни прокети како консултат за е-бизнис, дигитална економија и е-трговија. Дополнително таа е често говорник на настани и конференции каде се стреми да ги мотивира младите да го искористат својот потенцијал.

Нејзината работа и придонес се широко препознани за што говорат бројните признанија и награди. Во 2018 се најде на листата на Forbes 30 Under 30 за Европа, а во 2019 беше именувана за Жена амбасадор за е-трговија на УНКТАД.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency