Марија Томеска

ПАНЕЛИСТ

Марија Томеска своето образование го има стекнато на најпрестижните светски универзитети, и тоа дипломски и магистерски студии на London School of Economics во Велика Британија и
MBA на IMD во Швајцарија.

Во осигурителниот сектор е 19 години и исто толку време е дел од Еуролинк осигурување. 8 години е на челната позиција во Еуролинк осигурување и заедно со својот тим ја води компанијата до првата пазарна позиција.

Таа е иницијатор на воведувањето приватно здравствено осигурување, со што Еуролинк осигурување станува првата осигурителна компанија која на пазарот пласира ваков осигурителен продукт.

Допринесува за развој на осигурителниот пазар и преку воведување на бројни иновации во компанијата токму во полето на е-трговијата, како што е онлајн
продажбата на осигурување од повеќе класи, мобилна апликација, е-наплата итн.

Заменик претседател е на МАТТО Стопанска комора на Македонија-Турција и заменик претседател на Националното биро за осигурување.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency