Елира Демирај е родена во Тирана. Универзитетските студии по Бизнис менаџмент ги има завршено на Економскиот факултет на Универзитетот во Тирана, како и нејзините постдипломски студии по Финансии-банкарство. Г-ѓа Демирај има диплома за МБА по меѓународна бизнис администрација на Baker College, Мичиген, САД. Елира има богато и успешно искуство во јавната администрација, раководејќи со повеќе одделенија во општина Тирана во периодот 2001-2011 година. Била ангажирана и во неколку проекти како консултант и експерт за јавна администрација. Г-ѓа Демирај била генерален директор на Националната агенција за вработување и вештини, НАЕС. Исто така, има завршено серија обуки и квалификации за финансиски менаџмент, администрација, бизнис моделирање и развој, маркетинг итн. Г-ѓа Демирај моментално е на позицијата генерален директор во Дирекцијата за економски развој и вработување, во Министерството за финансии и Економија.
Елира Демирај
