Aна Горка

Говорник

Ана има 11-годишно искуство во меѓународната дигитална област, собрано од онлајн мрежи, медиумски агенции и големи компании за податоци, каде што таа воспоставувала продажни структури и градела оддели од самиот почеток. Таа е професионалец за за бизнис развој и е квалификувана за мобилно рекламирање, дигитална стратегија, продажба преку реклами, е-трговија и media buying.

Во нејзината моментална улога, таа е одговорна за водење продажби на Spotify на 35 пазари каде Httpool е ексклузивен препродавач на платформата. Работата во меѓународно опкружување е нејзината страст. Тоа носи многу предизвици, но и задоволство при постигнување на целите. Во приватниот живот е фан на Premier лигата и го поминува своето слободно време патувајќи и разгалувајќи го своето куче.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency