Aна Горка

Говорник

Ана има 11-годишно искуство во меѓународната дигитална област, собрано од онлајн мрежи, медиумски агенции и големи компании за податоци, каде што таа воспоставувала продажни структури и градела оддели од самиот почеток. Таа е професионалец за за бизнис развој и е квалификувана за мобилно рекламирање, дигитална стратегија, продажба преку реклами, е-трговија и media buying.

Во нејзината моментална улога, таа е одговорна за водење продажби на Spotify на 35 пазари каде Httpool е ексклузивен препродавач на платформата. Работата во меѓународно опкружување е нејзината страст. Тоа носи многу предизвици, но и задоволство при постигнување на целите. Во приватниот живот е фан на Premier лигата и го поминува своето слободно време патувајќи и разгалувајќи го своето куче.

Константин Костадинов

Говорник

Константин Костадинов станал дел од Вибер во 2016 година како менаџер за продажба. Во моментов, тој е Senior Sales Director CEE & CIS, главно одговорен за идентификување и градење потенцијални партнерства, развивање бизнис планови и стратегии за зголемување на продажбата во рамките на Вибер за целиот регион. Во моментов, тој надгледува повеќе од 25 клучни пазари на глобално ниво. Константин е исто така одговорен за сите специјални проекти што ги вклучуваат сите алатки на Вибер за бизниси.

Претходно работел во KPMG Бугарија како Senior Sales lead, како и во Делоит.

Шерон Гаи

ГОВОРНИК

Шерон Гаи ја започнала својата кариера во е-трговија во Fortune 500 компанија која се бави со интегрирање на системи, овозможувајќи им на малите и средни бизниси едноставно да нарачуваат компјутерски хардвер онлајн. Таа била дел од иницијативата за глобализација на Alibaba во Alibaba Global Leadership Academy, која се стреми да ги интернационализира домашните бизнис единици на Alibaba.

Во нејзиниот мандат како Category Manager во Tmall, најголемата платформа за е-трговија во Кина, таа работела со fast-moving consumer goods брендовите од големи клиенти до нови internet-viral брендови во изработката на нивната дигитална маркетинг стратегија, како и стратегија за е-трговија во Кина.

Таа во моментов е директор за Global Key Accounts во Tmall Overseas тимот, овозможувајќи им на глобалните брендови да ги искористат платформите за е-трговија на Alibaba во странство.

Габриел Гита

ГОВОРНИК

Габриел Гита ја држи позицијата потпретседател за бизнис развој за Централна и Источна Европа @ Mastercard и го предводи тимот за бизнис развој во рамките на Централна и Источна Европа.

Одговорностите на Габриел и неговиот тим се фокусирани на воведување во употреба нови технологии за плаќање и идентификување бизнис можности во области како што се е-трговија, онлајн плаќања, инстант плаќања, дигитални паричници или сајбер безбедност.

Срѓан Прокиќ

Говорник

Срѓан е лидер предводен од податоци и дизајн и е страстен за решавање на проблемите на клиентите со иновативни производи и процеси. Во моментов, тој предводи тим кој е одговорен за креирање на next-generation е-платформа за патување составена од хибридна апликација, систем за управување на содржини и платформа за податоци за клиенти поддржана од повеќе надворешни услуги.

Во неговата претходна работна позиција, тој бил задолжен за дигитализација на банкарските процеси и услуги како што се готовински и потрошувачки заеми и отворање сметки онлајн. Тој е страстен за наоѓање едноставни решенија за комплексни проблеми и креирање технологија која е попријателска за корисниците.

Сара Лоне

ГОВОРНИК

Сара е водечки квантитативен и квалитативен аналитички истражувач во областа на дигиталната трговија во Центарот за увид на пазарот на Универзитетот за применети науки во Амстердам.

Катија Силва

ГОВОРНИК

По потекло од Португалија, Катија се преселила во Холандија во 2011 година за да се упише на магистерски, а подоцна и докторски студии по астрофизика, и двете на Универзитетот во Амстердам. По успешното завршување на докторат во 2018 година, Катија се приклучила на тимот за прогнозирање на bol.com како Data Scientist. Во нејзината секојдневна работа, таа ужива во развојот и подобрувањето на решенијата за наука на податоци за предвидување временски серии кои позитивно влијаат на бизнисот во различни фронтови и домени. Катија е исто така дел од кругот за разновидност и вклученост на bol.com и во слободното време ужива да дизајнира и креира облека за себе.

От Велсберг

ГОВОРНИК

От Велсберг е главен директор за податоци за естонската влада. Тој води стратешка координација и развој на науката за податоци и управување со податоци во Естонија, вклучувајќи домени како вештачка интелигенција и open data. Тој исто така е доктор на науки. истражувач на Одделот за информатика на Универзитетот Умеа. Неговото истражување се концентрира на употребата на информациски системи во јавниот сектор, со посебен фокус на употребата на Internet of Things (IoT).

Борче Ѓорѓески

ГОВОРНИК

Борче Ѓорѓески е раководител на Контакт центарот на А1 Македонија. Како синоним за грижата за корисниците, Контакт центарот на А1 Македонија е целосно фокусиран кон овозможување на врвно корисничко искуство преку воведување на нови и иновативни решенија и алатки кои го унапредуваат задоволството на корисниците, овозможувајќи им брзо и непречено користење на услугите.

Главен фокус на неговата работа е автоматизација на Контакт центарот и зголемување на интеракции со корисниците преку дигиталните канали на А1 Македонија. Борче е одговорен за воведувањето на четботот ‘Славчо’ – првиот дигитален асистент во регионот што разбира и зборува на македонски и албански јазик и преку кој корисниците имаат можност да добијат одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт центарот. Во рамки на останатите активности поврзани со дигитализацијата на грижата за корисниците, Борче има особен придонес во унапредување на дигиталните канали– веб поддршка, поддршка преку социјалните мрежи, унапредување на функционалностите на говорни автомати, воведувањето на видео поддршка, како и унапредување на првата виртуелна продавница A1 Live Shop.

Активно е вклучен во крос-функционални тимови со примена на современа методологија за работа и има придонес во стратешки проекти на А1 Телеком Австрија Групацијата, а тоа се само дел од искуствата со кои тој се има стекнато во секторот на телекомуникациите во изминативе 12 години.

Вања Манова

ПАНЕЛИСТ

Вања е одговорна за управување со развојот на регионалниот бизнис и пазарна стратегија за високо динамичните балкански земји. Од март 2019 година, таа е одговорна за развој и имплементација на стратегијата на компанијата за поддршка на растот на плаќањата со картички и електронски плаќања во четирите земји, за запознавање и воведување на иновациите и технолошките решенија на Mastercard и за изградба на долгорочни партнерства со клучните клиенти, владата, и јавниот сектор.

Орхан Газибегович

ГОВОРНИК

Над 20 години работно искуство во сектори како финансии, IT и маркетинг, Орхан има предводено и тренирано тимови од различно потекло и афинитети. Во текот на последните 10 години, Орхан има предводено успешен развој на дигитални банкарски производи и проекти за customer engagement со акцент на дигиталните плаќања. Моментално е фокусиран на иновативни начини на плаќање и подобрување на сегментот за е-трговија во Босна и Херцеговина, филантропија и витални иницијативи за дигитална трансформација на државно ниво.

Филомена Пљаковска – Аспровска

ПАНЕЛИСТ

Филомена Пљаковска-Аспровска, Главен Извршен Директор и претседател на Управен Одбор на КаСис АД, единствен процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички во Република Северна Македонија.

По вокација Дипломиран инженер по електротехника, насока Електроника и телекомуникации, магистрант на Економскиот факултет при УКИМ, алумни на Schulich School of Business, York University Toronto CA и стипендист на Kellog School of Management USA. Поборник и мотиватор на девизата дека учењето е процес кој не завршува, и секое вложување во себе е вредност за компанијата, окружувањето и општеството во кое живееме.

Својата работна кариера ја има започнато на позиција Систем администратор во компанијата, потоа како Директор на сектор и во два мандати член на Управен одбор.
За време на своето 18 годишно работно искуство, како експерт има можност да учествува во многу значајни проекти за имплементација на иновации и нови продукти од доменот на картичната индустрија. Горда на својот тим од компанијата за првите успешни персонализирани картички со чип во државата, имплементацијата на највисоките сигурносни стандарди за обезбедување податоци PCI DSS и ISO27001, воведување безбедна е-трговија со 3D модел и многу други проекти.
Истовремено членува во националниот совет за платни системи при НБРСМ и комисијата за поттикнување на безготовински плаќања со активно учество и максимална поддршка во иницијативите за поттикнување и подобрување во користењето на електронските канали за плаќање.

Во текот на кариерата ангажирана е како говорник и панелист на повеќе домашни конференции од областа на платните системи, безбедноста при картичните плаќања и теми од областа на електронската трговија.

Мисијата и целите продолжува да ги остварува преку континурана професионална соработката со банките и целиот екосистем во кој делува компанијата за рамноправно учество во модерните глобални дигитални економии.

Нина Ангеловска

ГОВОРНИК

Д-р Нина Ангеловска е претпримеач, Жена Амбасадор за е-трговија на УНКТАД, Претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и поранешна Министерка за финансии на Република Северна Македонија. Во 2011 година, Ангеловска ја ко-основаше водечката компанија за е-трговија во Македонија, Grouper.mk која го трансформираше пазарот на е-трговија во земјата. По десет години успешно водење и растење на компанијата во 2021 година, Grouper.mk стана дел од полската групација Asseco SEE.

Пасијата за е-трговија и желбата за придонесување кон промени ја поттикна да ја основа првата Македонска асоцијација за е-трговија во 2017 година. Таа беше дел од управниот одбор на Европската Асоцијација (ЕМОТА) и Стопанската комора на Македонија. Моментално е член на бордот на директори на Македонски Телеком.

Ангеловска работи на бројни прокети како консултат за е-бизнис, дигитална економија и е-трговија. Дополнително таа е често говорник на настани и конференции каде се стреми да ги мотивира младите да го искористат својот потенцијал.

Нејзината работа и придонес се широко препознани за што говорат бројните признанија и награди. Во 2018 се најде на листата на Forbes 30 Under 30 за Европа, а во 2019 беше именувана за Жена амбасадор за е-трговија на УНКТАД.

Војдан Карапетковски

ГОВОРНИК

Војдан е основач и извршен директор на Kara5, ‘next-gen’ дигитална агенција која им помага на клиентите да ја забрзаат својата дигитална трансформација во Швајцарија, DACH регионот и глобално.

Посветена на обезбедување first-class дигитални решенија и со докажано портфолио со успешни проекти за дигитална трансформација, Kara5 се гордее што е клучен фактор за силен раст и брз развој на бројни клиенти од сите големини и индустрии, како што се CVA Silicone, SpiroChem , Joh Springer’s Erben, Connect, Prima и многу други.

Уникатниот пристап на Војдан кон стратегиите, веб и дигитален маркетинг – заедно со неговото 18-годишно искуство во развој на маркетинг и продажба – ги подржува клиентите на Кара5 да откријат уникатни можности за одржлив раст и значајна трансформација.

Коста Петров

ГОВОРНИК

Коста Петров е меѓународно познат претприемач, ПР експерт и бестселер бизнис автор во Северна Македонија.

Тој е основач на P World, една од водечките светски агенции за настани со операции во 40 земји низ Европа, Блискиот Исток, Азија, Африка, Азија и Северна Америка.

Две години по ред, Коста беше вклучен во списокот на списанието Kogres за највлијателни професионалци за настани во Југоисточна Европа.

Тој е соработник за американското издание на Хафингтон пост и Digital Boom на MENA, поранешен шеф за развој на професионалци во IABC EMENA и редовен говорник на настани низ целиот свет на теми за претприемништво, односи со јавноста и лидерство.

Коста е и бестселер автор во родната Македонија и автор на меѓународно познатата книга Стравот. Тој е исто така уредник на Малата црна книга за односи со јавноста, првата книга за односи со јавноста напишана од практичари на ПР за практичари на ПР.

Марија Томеска

ПАНЕЛИСТ

Марија Томеска своето образование го има стекнато на најпрестижните светски универзитети, и тоа дипломски и магистерски студии на London School of Economics во Велика Британија и
MBA на IMD во Швајцарија.

Во осигурителниот сектор е 19 години и исто толку време е дел од Еуролинк осигурување. 8 години е на челната позиција во Еуролинк осигурување и заедно со својот тим ја води компанијата до првата пазарна позиција.

Таа е иницијатор на воведувањето приватно здравствено осигурување, со што Еуролинк осигурување станува првата осигурителна компанија која на пазарот пласира ваков осигурителен продукт.

Допринесува за развој на осигурителниот пазар и преку воведување на бројни иновации во компанијата токму во полето на е-трговијата, како што е онлајн
продажбата на осигурување од повеќе класи, мобилна апликација, е-наплата итн.

Заменик претседател е на МАТТО Стопанска комора на Македонија-Турција и заменик претседател на Националното биро за осигурување.

Илир Реџа

Илир има повеќе од дваесет години искуство на менаџерски позиции на проекти со развојна помош, најмногу во развојот на приватниот сектор, специјализиран за квалитет, советодавни услуги за бизнис и менаџмент во приватниот сектор, во развојот на ИТ секторот и поддршка за промоција на start-ups и иновации, како и во производствените сектори.

Илир има заземано високи позиции и има долгогодишно искуство во управување со проекти и консултации за организациски менаџмент и развој, стратешко планирање и градење на институционални капацитети во приватниот сектор, владините институции и различни меѓународни и локални невладини организации, особено во развојниот сектор за креирање развојна помош, со фокус на развојните програми за приватниот сектор.

Дарјан Раденковиќ

МОДЕРАТОР

Дарјан е бизнис и маркетинг стратег кој е фокусиран на резултати со силно искуство во раст на тимови и нивно зајакнување со цел да постигнат резултати низ сите канали. Страствен за учење и споделување знаење, секогаш подготвен да тестира нови пристапи, додека ги израмнува аргументите со податоци.

Во моментов работи на дизајнирање storytelling искуства за дигиталната ера и води тим од 20+ луѓе во едно од најиновативните студија за раскажување приказни во Југоисточна Европа.

Основни компетенции: бизнис развој, маркетинг стратегиии, lead generation, дигитално рекламирање, дигитална аналитика и развој на brand communication.

Киро Чадиковски

ПАНЕЛИСТ

Киро Чадиковски има над 23 години банкарско искуство, од кои преку 18 години на раководни функции. Целото работно искуство го има стекнато во Комерцијална банка АД Скопје. Во моментов тој е на позиција Директор на Дирекција за банкарски картички и трансакциски сметки, директно одговорен за организација на работењето во доменот на платежните картички и сите нови технологии поврзани со нив. Покрај тоа, тој е одговорен и за развој на нови производи, дигитализација, развој на платни системи, нови канали на плаќање и слично. Неговото формално техничко образнование стекнато на Електро-техничкиот Факултет во Скопје, магистерските студии по финансиски менаџмент, како и долгото банкарско искуство го прават еден од ретките експерти во нашата земја на полето на финтек индустијата, IoT, како и двигател на развој на хибридни банкарски производи.

Ивана Станковиќ

МОДЕРАТОР

Ивана Станковиќ е финансиски експерт со 14+ годишно искуство во приватниот и државниот сектор.
Во моментов, таа е ангажирана како советник во Фондот за иновации и технологија во Северна Македонија, водечка владина организација одговорна за развојот на македонскиот стартап екосистем. На Фондот, таа беше инструментална во развојот на новото портфолио на производи на организацијата, вклучително и Програмата за корпоративна иновација, Националниот совет за стартување, Националната стратегија за вештачка интелигенција (во развој) и првиот инвестициски фонд на владата.

Претходно, таа беше на позицијата Специјален советник во Министерството за финансии, каде што даваше совети и експертиза за прашања поврзани со финансискиот систем и макроекономијата, меѓународните финансии и управувањето со јавниот долг, како и целокупното управување со јавните финансии. Таа беше одговорна за комуникација со големите меѓународни финансиски институции поврзани со јавниот долг и обезбедување финансирање за капитални инвестиции и други проекти. Таа го организираше и поддржа процесот на донесување законодавство за неколку закони од областа на управувањето со јавните финансии. Од 2015-2019 година, таа беше менаџер за инвестиции во South Central Ventures, фонд за VC со 40 милиони евра средства под управување фокусирани на технолошки компании во балканскиот регион. Таму, таа беше одговорна за управување со секојдневното работење на канцеларијата во Скопје, како и за развојот на бизнисот за македонскиот, косовскиот и албанскиот пазар. Таа водеше 5 инвестициски процеси во компании, од 100.000 до 500.000 евра првични инвестиции, од почетната фаза на извори на зделки до затворање и следење на инвестицијата. Една од компаниите подоцна собра над 30 милиони евра и е една од најуспешните во портфолиото.

Таа е дипломирана по финансиски менаџмент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Северна Македонија и го поминал Нивото I од програмата CFA обезбедена од Институтот CFA.

Тамара Станчев

Панелист

Тамара Станчев е маркетинг експерт со корени од владината област. Нејзината кариера започна во Министерството за млади и спорт на Република Србија, а подоцна се преселила во малопродажната индустрија, каде што работела за Меркатор-С, еден од најголемите српски трговски синџири.
Таа се приклучила на Shoppster во 2019 година задолжена за лансирање на првиот регионален 24/7 шопинг канал. Г-ѓа Станчев се стреми да испорача развој на имиџот на брендот, невообичаени кампањи и незаборавно корисничко искуство за купување преку Интернет и дома.
Таа навистина верува во локалните бизниси и ги поддржува во последните 10+ години и како клиент и како професионалец. Зад секоја успешна маркетинг кампања стои тимот и затоа таа е страсна за зајакнување на нејзиниот тим да расте заедно и да постигне поголем успех.
Таа била избрана за најомилена колешка – и тоа е резултатот со кој најмногу се гордее.

Јасмин Марич

Панелист

Јасмин отсекогаш бил ангажиран во проекти за ИТ, продажба и развој на бизнис. Неговата академска позадина е во бизнисот, но неговите вистински страсти се ИТ производи и услуги и дигитални бизнис модели. Поголемиот дел од неговото неодамнешно работно искуство вклучува продажба (претпријатија и retail) маркетинг консалтинг, дигитален маркетинг, истражување и развој на бизнисот во OLX BA (OLX Group, Naspers).

OLX Group е една од најбрзорастечките мрежи на платформи за тргување во светот, која работи во над 30 земји низ целиот свет. Тоа им помага на луѓето да купуваат и продаваат автомобили, да најдат домување, да добијат работа, да купуваат и продаваат производи за домаќинството и многу повеќе. Со повеќе од 20 добро познати локални брендови, вклучувајќи Avito, OLX, OLX Autos, Otomoto и Property24, решенијата на OLX се направени да бидат безбедни, паметни и едноставни за нивните клиенти. OLX работи со тим од 11.000+ луѓе, кои работат на 5 континенти во канцеларии низ целиот свет. Настрана од корпоративните ИТ решенија, Јасмин е активен член на локалната стартап сцена каде работи и подучува неколку стартап проекти.

Милкица Геринска

ГОВОРНИК

Од јануари 2020 година, Милкица е одговорна за развој и имплементација на стратегијата на компанијата за поддршка на растот на каналот за е-трговија и дигиталната комерцијализација, како и за изградба на долгорочни партнерства со клучни клиенти.

Таа, исто така, работи на имплементација на решенија кои придонесуваат за раст на бизнисот на компанијата во дигиталниот свет, спроведувајќи најдобри практики од Coca Cola Company и Heineken.

Валер Пиндери

ПАНЕЛИСТ

Валер има 10-годишно искуство во е-трговија со создавање на повеќе од 10 брендови за е-трговија. Тој помогнал за развој секторот за е-трговија во Албанија со обуки и помагање на голем број компании да ги зајакнат своите е-бизниси. Неговата визија е да создаде меѓународен бренд кој оперира од регионот, а продава во различни земји во светот. Сега управува со Aladini, најголемата платформа за е-трговија во Албанија и Bukinist, најголемото место за продажба на албански книги во земјата.

Дамјан Дано

МОДЕРАТОР

Дамјан е ко-основач и партнер на IWM Network, ИКТ компанија основана во 2008 год. со едноставна идеја да им помогне на компаниите подобро да го разберат променливиот дигитален свет и да ги искористат неговите предности на паметен начин. Во последните 10 години, Дамјан работеше на развој на IWM Network под модел на дигитална холдинг компанија која во своето портфолио на бизниси вклучува повеќе брендови, SaaS продукти, компании и стратешки партнерства. IWM Network има опслужено повеќе од 100 домашни и интернационални компании и организации. Листата на неговите стручности вклучува: дигитална бизнис трансформација, веб дизајн и развој, е-трговија, развој и консалтинг за blockchain, дигитален маркетинг, ИТ безбедност… Дамјан има повеќе од 15 годишно искуство во ИКТ секторот и има гостувано како говорник, панелист и предавач на повеќе настани низ светот. Дамјан е член на Управен одбор на АЕТМ, член на Надзорен одбор на IAB Macedonia и член на националниот Дигитален форум за ИКТ.

Драгана Ѓокиќ

Драгана е веќе три години на позицијата директор за продажба во Grouper.mk, водечкиот сајт за е-трговија во земјава кој успешно работи речиси десет години на пазарот. Со образование во областа на е-бизнис и маркетинг, во Grouper се приклучува во 2014та година и работи во делот на продажба, организација и реализација на онлајн маркетинг кампањи, а со своето 7 годишно искуство се здоби со експертиза во бизнис продажба и стратегија. Oбласти на нејзина стручност вклучуваат: продажба и проектен менаџмент, маркетинг истражување, анализа и репортинг, контент маркетинг. Учествува во држење обуки и предавања во доменот на бизнис продажба.

Милица Весовиќ Денковска

Панелист

Милица Весовиќ Денковска има долгогодишно искуство во водење на проекти за дигитални решенија и дигитален маркетинг, како и водење на локални и меѓународни проекти од стратешки концепт до конечна имплементација. Како одговорна за дигиталните решенија и системи во Филип Морис, таа работи на имплементирање решенија, кои ќе придонесат за развојот на компанијата. Член е на проектниот тим кој работи на целосната дигитална стратегија за пласирање на IQOS на македонскиот пазар како и водење на дигиталните канали. На оваа конференција ќе зборува повеќе за значењето и инволвираноста на жените во дигиталниот развој и бизнисот во целост, како и за искуството во работата во меѓународна компанија која поддржува целосна еднаквост и рамноправност помеѓу вработените.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency