Privacy Policy

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ Скопје (понатаму “AETM”, “Ние”, “Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.ecommerceconference.mk (понатаму: ”интернет страница”) и/или користење на услугата за купување билети на ecommerceconference.mk. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

Содржината на веб-сајтот ecommerceconference.mk е наменета за лица над 18 години. Доколку лице под 18 години ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

1. КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ

При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата за купување билети. Доколку го преземете ова дејство се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.При Ваше купување на билети преку интернет страната, AETM ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • Вашето име и презиме
  • Компанија (опционално)
  • Држава / регион
  • Улица
  • Град
  • Поштенски код / ZIP
  • Mobile Phone
  • Е-маил адреса

При користење на услугата Рефундирање на средства, АЕТМ ги обработува Вашите лични податоци и тоа:

  • Вашето име и презиме
  • Your e-mail
  • Phone number
  • Order ID
  • Причина поради која барате рефундација

При пополнување на формуларот “Стани спонзор на овој настан” АЕТМ ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • Name & Surname
  • Mobile Phone
  • Е-маил
  • Message

При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), АЕТМ ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • Вашиот е-маил

 

2. COOKIES / КОЛАЧИЊА

За да ја направиме вашата посета на нашата веб-странa попријатна и да овозможиме употреба на одредени функции, може да користиме „колачиња“. Колачињата се мали датотеки со текст што се зачувани на вашиот терминален уред. Некои од колачињата што ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата на прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат да го препознаваме вашиот прелистувач при следната ваша посета на нашата веб страна. За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе ви биде побарана согласност. Ако колачињата не се прифатат, функционалноста на нашата веб-страница може да биде ограничена. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“ [линк].

 

3. НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците при вашата посета на веб-сајтот и при користење за услугата за купување билети се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).

 

4. ЗА КОИ ЦЕЛИ СЕ СОБИРААТ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

АЕТМ ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

  • Овозможување на онлајн купување на билети
  • Администрирање на содржината и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
  • навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 5;
  • за реализација на онлајн купувањето на билети достапни на www.ecommerceconference.mk
  • За рефундирање на средства
  • За контакт по пат на електронска пошта

 

5. НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од АЕТМ коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.Обработката на Вашите лични податоци ја врши АЕТМ согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дополнително, АЕТМ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои АЕТМ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.

Личните податоци при користење на услугата онлајн купување на билети, АЕТМ има законска обврски да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, во рок од 3 (три) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.

Личните податоци при користење на услугата Контакт, АЕТМ ги чува се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен билет, во кој случај АЕТМ ги чува податоците во рок од 1 (една) година.

При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), АЕТМ ги чува Вашите лични податоци, се до повлекување на Вашата согласност.

 

6. ПОЛИТИКА ЗА НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашиот настан или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања за претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.

При посета на нашиот веб-сајт, имате право да ја оставите својата e-mail адреса во полето “Бидете во тек со најновите информации за конференцијата” со стискање на копчето “ЗАЧЛЕНИ СЕ”.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “Unsubscribe from this list”

Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:

Е-маил адреса: info@ecommerce.mk

Контакт телефон: +389 78 58 44 48

 

7. ВАШИ ПРАВA

Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:
• Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци
• Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци
• Право на бришење на личните податоци
• Право на ограничување на обработката
• Право на преносливост на податоците – право да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор;
• Право на приговор против обработката на личните податоци;
• Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста
• Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

 

8. ДАВАЊЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

 

9. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ

АЕТМ не врши пренос на лични податоци во трети држави.

 

10. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ ОД КОНТРОЛОР

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

11. ДАТУМ НА ОБЈАВА НА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

01.09.2021 годинa.

 

Ecommerce Asociation

The Macedonian e-Commerce Association is the first and only association that aims at inclusive e-commerce. Our mission is to create a future for e-commerce development and the success of the country. Macedonian E-commerce Association aims to support the interests of e-commerce companies, to contribute to the expansion of e-commerce knowledge and its expansion including related services and technologies, and to reduce and eliminate barriers that restrict the growth and development of the industry. We believe that the future for a better Macedonia lies in a digital Macedonia and smart society, and e-commerce is an integral part of such a society.

web by agency Illustrations & Icons by Icons8.com